ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Патничко возило „форд фокус“ со прилепски регистарски ознаки се судри со возило со кое управувал 41 годишен скопјанец

Сподели го ова:


























На 13.05.2023 во 18.10 часот на паркинг просторот на Меѓународен аеродром Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(41) од Скопје и патничко возило „форд фокус“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(46) од Прилеп.

По несреќата возачот А.А. и неговите сопатници Ќ.А.(66) и малолетник, двајцата од Скопје, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на Ќ.А. ѝ се констатирани тешки телесни повреди, а на А.А. и на малолетниот сопатник им се констатирани телесни повреди, a увид на местото на настанот бил извршен од страна на екипа од СВР – Скопје.

 




Сподели го ова:

Слични објави