STANICA.MK ПРВА ДОЗНАВА: Ограбен е познат прилепски маркет!
Уште една кражба во градот под Марковите Кули. Имено, вчера утрото (04.03.2024) околу 05:50 вработените кои работат во еден голем прилепски маркет кој се наоѓа во близина на прилепската гимназија, веднаш кога дошле на своето работно место забележале крадец , при што откако “ограбил” со трчање избегал. Веднаш потоа, полицијата дошла на лице место за да направи увид по пријавата, и е констатирано дека се работи за кражба во прилепскиот маркет. Официјално дознаваме дека крадецот е забележан како бега веднаш после кражбата- а сето тоа го потврдува една од поставените камери од објектите кои се во близина на маркетот.
Неофицијално, врз основа на информациите на луѓето кои седат во близина на маркетот, украдени биле околу 200.000 денари. Повеќе информации за овој настан ќе бидат објавени во дневниот билтен на МВР.