STANICA.MK ПРВА ДОЗНАВА: Еве колку ќе изнесува новата цена на јавниот градски превоз во Прилеп


Од утре – 03.10.2022 година (понеделник), јавниот градски превоз во Прилеп ќе сообрајќа по зголемена цена и истата ќе изнесува 30 денари.

ЈП за ПУП како и сите други јавни претпријатија од градот и Републикава, беа приморани да бараат излезни решенија, кои вклучуваат и корегирање на постојните цени, па како резултат на сето тоа ЈП за ПУП беше приморан на одреден начин да ги вклучи во цената новите пазарни вредности на енергенсите, а во конкретниот случај цената на метанот и дизелот нафтата. Меѓутоа, како што истакнуваат од ЈП за ПУП, ваквото прилагодување на конкретната ситуација, ќе значи и прифатливо решение за граѓаните, каде нивниот интерес ќе биде ставен во прв план.



















