Премиера во Прилеп! Никола Тодороски со настап во Прилеп пред неговата турнеја во Шведска и Австралија заедно со Никола Братучед

Сподели го ова:






























По барање на прилепската публика, најбараниот комичар и мајстор за стендап шоу – Никола Тодороски доаѓа во Прилеп со неговото најновото ПРЕМИЕРНО стендап комично шоу “NITRO 2” заедно со неговиот колега Никола Братучед. Настанот е закажан за на 12.11.2025 во големата сала во НУЦК Марко Цепенков – Прилеп која како и минатите пати, така и сега ќе биде претесна за да ги собере сите заинтересирани, па така да не чекајте ни миг за да си набавите билети по претпродажна цена од 250 денари во Кафетерија/поранешно Кафе ИН во цветната улица во Прилеп.

Станува збор за стендап шоу, за кое со сигурност Ве уверуваме дека ќе Ве насмее до солзи, а дека ќе биде вистински спектакл -Ви гарантираме со сигурност, бидејќи нашата екипа постојано ги следи неговите настапи.

Официјално, Тодороски пред турнејата во Австралија и Шведска, доаѓа во Прилеп а веднаш потоа заминува на неговата голема турнеја во Шведска и Австралија.

Побрзајте, овие денови набавете си билети по претпродажна цена од само 250 денари!!




Сподели го ова:

Слични објави