СОУ “Орде Чопела” од Прилеп повторно се закити со награди
Во конкуренција на 52 средни училишта од Република Македонија, учениците од средното прилепско училиште “Орде Чопела” учествуваа во повеќе натпреварувања на МАССУМ во Гостивар, каде постигнаа супер резултати.
Резултати:
Второ Место модна ревија под менторство на професорот Александар Џинго
Најдобар штанд ВТОРО место под менторство на професорите Анита Галеска и Татјана Тасеска
Второ место кариерно портфолио под менторство на професорката Мирјана Стојческа Ѓорѓиоска и Тереза Златевска Трајковска
Трето место Интервју за работа на англиски јазик Ученик Филип Атанасоски Ментор Анета Пејоска
