Со мјузиклот ,,Као какао” ќе биде отворено битолското културно лето “БИТ ФЕСТ 2026”
Денеска со прес конференција пред присутните медиуми ЈОУ КИЦ Битола го најави свеченото отворање на осумнаесетото издание на Битолското културно лето ,,БИТ ФЕСТ” 2026. На 19 Јуни, битолчани ќе имаат привилегија да бидат првата публика надвор од Скопје која ќе може да го гледа мјузиклот ,,Као какао”. Ова продукциско дело обедини врвни мајстори на пишаниот зборот, музиката, режијата, актерството и менаџментот, социјално одговорни компании како и педесетина учесници на сцената.
Денеска со свое присуство и искрено искажување за мјузиклот нѐ почестија Влатко Стефановски, Дејан Пројковски, младите актери Владимир Петровиќ и Катерина Јовановиќ и секако продуцентот Владимир Мандичевски од Баги комуникации. Во оваа пригода директорот на КИЦ Битола најави богато и квалитетно културно лето кое за прв пат од своето постоење се институционализира во лицето на КИЦ Битола.


















