“Снешко белчо” и неговата дружина ги воодушеви туристите од повеќе земји кои за новата година беа во Охрид

Сподели го ова:


























Задоволната прилепска публика, убавата сценографија на сцената, одличната интеракција на актерите со охридската публика и туристите од голем број на земји, како и искрените детски насмевки и аплаузи, сето тоа беше знак дека театарската претстава за деца “Дружината на Снешко Белчо”, вчера во Охрид приреди вистинска новогодишна бајка, впрочем онака како што и доликува на Балада Арт Продукција. Имено, најмладата публика ја погледна премиерата на волшебната новогодишна претстава за деца “Дружината на Снешко Белчо”, која со сигурност кај секое детско срце создаде волшебни, новогодишни спомени .Во претставата учествуваа: Снешко Белчо, Дедо Мраз, Баба Мразица, Снегулка и Мразулка. Претставата беше пропратена и со новокомпонирани песни, специјално направени за оваа театарска претстава од Гоце Балада.

Веднаш после завршетокот на претставата, најмладите се сликаа со нивните омилени театарски ликови, а откако низ градот после сето тоа беа пренесени прекрасните позитивни коментари, емоции и кратките видеа кои ги снимаше публиката за време на одлично одиграната детска театарска претстава, до организаторот Балада Арт Продукција, започнаа да ѕвонат голем број на понуди за да оваа претстава се одигра и во повеќе градови.

Со оваа новогодишна претстава започна и новогодишната магија и Новата година. А на доаѓањето на Новата Година, најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца. Огранизатор на претставата беше Балада Арт Pродукција-Прилеп и Гоце Балада – човекот кој што од страна на АКАДЕМИК е прогласен за најкреативна личност во нашата земја во областа на маркетингот, културата и уметноста.




Сподели го ова:

Слични објави