Нов директор на ЈП за ПУП – Прилеп
Бранко Нешкоски е новиот директор на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање во Прилеп. Колку за потсетување, Бранко Нешкоски повеќе години раководеше со ова јавно претпријатие, а сега повторно се враќа на раководната функција.
Нешкоски, директорското место во ова јавно претпријатие ќе го преземе од Зоран Јовески, човекот кој што изминативе две години успешно раководеше со ЈП за ПУП.