Христи Стојаноски на училишното државно првенство во гимнастика освои прво место во својата категорија и беше прогласен за најдобар млад надежен спортист!
Денеска во Битола во ООУ „Климент Охридски”, се одржа училишното државно првенство во Гимнастика, со учество на повеќе од 130 ученици во основно образование од сите градови на државата. Присутните ги поздрави битолскиот градоначалник Тони Коњановски, кој што им посака успех на натпреварувачите, а воедно ја истакна потребата од одржување на повеќе вакви натпреварувања, кои се од големо значење за развојот на децата и поттикнување на спортскиот дух.
На натпреварот имаше голем број на учесници од основните училишта од Прилеп кои во градот под Марковите Кули се вратија со повеќе награди, а меѓу нив беше и талентираниот Христи Стојаноски од ООУ Климент Охридски – Прилеп, кој што освои прво место во својата категорија и беше прогласен за најдобар млад надежен спортист.