Синоќа во НУЦК “Марко Цепеков”, прилепчанец ја запроси својата избраничка на концертот од КУД “Мирче Ацев”

Сподели го ова:






























Вчера вечерта во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп, КУД “Мирче Ацев” одржа одличен концерт по повод 8-ми септември -Денот на независноста на нашата земја. Имено, на самиот концерт членот од КУД “Мирче Ацев”, Александар Блажески ја запроси својата избраничка Натали Видеска. Имено, Блажески на сцената во НУЦК Марко Цепенков клекна и ја побара за жена Видеска, а веднаш потоа неговиот потег беше пропратен со огромни аплаузи од прилепската публика.

Од името на сите членови на КУД Мирче Ацев Прилеп, им честитаме на нашите Алењксандар Блажески и Видеска Натали и им посакуваме долг и успешен брак исполнет со многу љубов, слога и многу дечиња” – информираат од КУД Мирче Ацев. 




Сподели го ова:

Слични објави