Синоќа, Општина Прилеп ги додели наградите и плакетите по повод 3-ти Ноември
Вчера вечерта во преполната сала во прилескиот Центар за култура, Општина Прилеп ги додели наградите и плакетите по повод 3-ти Ноември:
Наградата за животно дело, по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на:
• Рубенс Корубин – основоположник на нео-романтизмот во светски рамки
• Јове Магдески (постхумно) – особен придонес за фудбалот во Прилеп
Награди -плакети по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:
• МИКРОСАМ ПРИЛЕП – 35 (триесет и пет) години постоење
• Народен театар ,,Војдан Чернодрински’’-Прилеп- 75 (седумдесет и пет) години постоење
• НВО ,,Hand Till Hand’’-Кралство Шведска – хуман и општествен ангажман во здравствената заштита
• Интеракт клуб Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп – млади ентузијасти со вреднување на солидарност и хуманост
• Здружение на граѓани ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД ФЕНИКС – јубилејно постоење од 10 (десет) години
Награди -дипломи по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:
• Елизабета Митреска – за особен придонес во новинарството
• Петре Кироваков – поет и активист во Здружението на протераните македонци од Егејскиот дел на Македонија
• д-р Биљана Консулоска Гвероска – автор на научни публикации од областа на земјоделството, акроекологијата и тутунопроизводството
• Владимир Ѓорѓиески – репрезентативец на Македонија во билијард”Постојат моменти кога времето застанува — кога аплаузот не е само звук, туку сведоштво дека нешто вредно си оставил зад себе.
















