| |

СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ОВОЈ ПРИЛЕПЧАНЕЦ: Купи голем број на карти, и истите ги донира на оние кои што не можат да си дозволат да одат на концерт

Сподели го ова:























Прилепчанец купил голем број на карти, и истите ги донира на оние кои што не можат да си дозволат да одат на концерт на популарната музичка група “ДНК”.

“Пред неколку дена кај Панчо на инстаграм во ДМ, стигнала една порака од Đorđe Stojceski (родум од Прилеп, работи во Германија) која на сите ќе ви ги стопли срцата. Среќни сме дека се уште има добри луѓе со големи срца. Пораката ја пренесуваме во целост: “Здраво Панчо. Бидејќи не сум во можност да присуствувам на вашиот славенички концерт, би сакал да купам карти а вие да ги донирате на луѓе кои сакаат да дојдат, но не се во можност да си го дозволат тоа”. Да бидеме искрени нас пораката не расплаче од среќа но и тага, едноставно микс на емоции. Голема благодарност до Ѓорѓе на кој сме му благодарни од срце за ваквиот гест, а сите вие кои не сте во можност да купите билети, пишете ни во инбокс. На располагање имаме 20 влезницни купени од страна на овој млад и хуман човек Ѓорѓе” – истакнуваат од оваа популарна музичка група.



Сподели го ова:

Слични објави