Проданоски на средба со такси превозниците од Прилеп
Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, утрово оствари кафе средба со такси превозниците од Прилеп.

Првото кафе денес го испивме заедно со такси превозниците од нашиот Прилеп. Луѓе кои секојдневно се на улиците и најдобро ги познаваат реалните потреби на граѓаните. Од нив секогаш има што да се слушне, што да се научи и секако, да се прифати и критика. Таксистите се важен дел од урбаното функционирање на градот и токму затоа разговаравме за конкретни решенија со кои ќе се подобрат условите за нивната работа и услугите што ги нудат на нашите сограѓани. Имаме јасен план и визија за уреден, модерен и достапен превоз, кој ќе значи побезбедни, поефикасни и поквалитетни услуги за сите прилепчани – порача Проданоски.


















