МИРИСА НА НОВО: Променети се подовите во три училници во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, а набавени се и нови проектори
Променети се подовите во 3 училници во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, а набавени се и нови проектори со кои што се подобрени условите за изведување настава во ова наше Средно општинско училиште.За оваа намена обезбедени се околу 1 милион денари од Буџетот на Општина Прилеп!
Како што ветивме така продолжуваме, инвестираме во секое училиште во нашата општина и се грижиме за нашите млади генерации – информираат од Општина Прилеп.