СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА: Донирајте за секое семејство да има празнична трпеза во топол амбиент

Сподели го ова:


























Факултетското студентско собрание на Економски факултет-Прилеп, и оваа година организира традиционална хуманитарна акција. Имено, нивното соопштение целосно Ви го пренесуваме во прилог на оваа наша објава:

“Почитувани сограѓани, пред нас се Новогодишните празници и секој од нас заслужува да ги дочека со своите најблиски, во топол амбиент и скромна трпеза со храна.

За таа цел традиционално и оваа година Факултетското Студентско Собрание на Економски факултет – Прилеп организира хуманитарна акција за собирање на храна, средства и средства за лична хигиена.

Во периодот од 15-25 декември секој од нас во зависност од можностите може да донира во маркетите коишто се наведени во овој пост, односно во поставените кошнички во маркетите кои ќе бидат обележани со нашите постери.

Сите кои што сакаат да помогнат на било кој начин може да не контактираат во Inbox или на емаил адресата: fss.efp@gmail.com

Сите собрани производи и средства ќе бидат соодветно распределени и поделени на оние семејства на кои навистина им е најпотребно.

За таа цел го замолуваме секој од Вас којшто е во можност да ја поддржи оваа хуманитарна акција и заедно да направиме незаборавни среќни моменти” – се истакнува во соопштението од Факултетското Студентско Собрание на Економски факултет – Прилеп, а во прилог следуваат маркетитие кои ја поддржаа оваа акција:

Форум маркети

Шопе компани

Пата маркет

ЦИС маркет

Бонита Нине

Меше маркет

Гонито маркет

Тобако Дисконт

Вентура Трејд Дисконт

Кошница




Сподели го ова:

Слични објави