Секоја чест! Трајанов и Михаилов секогаш борбени “очи во очи” со огнот и пожарите!
За разлика од претходно, новото раководство на ЈП Македонски Шуми предводено од Генералниот директор проф. д-р Здравко Трајанов и заменик генералниот директор Кире Михаилов, постојано се на терен секогаш борбени и секогаш “очи во очи” со огнот и пожарите. Она што е повеќе од очигледно, е самиот факт дека Трајанов и Михаилов успешно се справуваат со пожарите во поглед на одличната координација на човечките и сите останати ресусрси кои придонесуваат за успешно гаснење на пожарите.

Пожарите ова лето ги има како никогаш до сега! Некои се подметнати, а некои се настанати од ова жешко – пеколно време, меѓутоа добро е што нашата земја има вакви двајца храбри луѓе кои додека ние седиме под клима и уживаме викендов во некој добар филм, тие се на терен далеку од своите фамилии и се борат со огнените пламени јазици и ја координираат состојбата со пожарите.
Мора да признаеме дека вакви директори би посакала секоја европска земја!

Македонија и македонските шуми се движат во добар правец!
За подобра и позелена иднинина, на нашите генерации и идни поколенија. Шумите се наше најголемо природно богатство. Да биде внимателни, да ги сочуваме и заштитиме!
За наши шуми се работи!
















