СЕКОЈА ЧЕСТ: Овие мали прилепски ангелчиња, направија одлична и успешна хуманитарна акција во паркот “кај Судот” во Прилеп
Денеска во паркот кај судот во Прилеп, малите ангелчиња од “Royal Kids House” -Прилеп заедно со нивните наставнички, направија хуманитарна акција, каде на прилепските граѓани им подготвија мошне вкусни колачиња, украсни крофни, одлична лимонада, и што ли уште не…
Сето ова беше по симболична цена од 10 денари, а целта беше да се разбуди хуманоста кај најмалите детски срца. Собраните срества од денешната хуманитарна акција “Royal Kids House” – Прилеп ќе ги донира во хуманитарни цели, а еве што поточно истакнаа од таму, по повод нивната денешна хуманитарна акција:
“Добрите дела се повеќе од неопходни за денешното брзо живеење. Добрите дела не исполнуваат и инспирираат на секој чекор. Споделувањето љубов и внимание ги прави сите во околината среќни, а нас самите уште посреќни.
Довербата и зачетокот кон градење подобро човештво и подобри луѓе започнува од мали нозе.
Денес ја разбудивме хуманоста и им дадовме пример на децата. Моралните вредности пред се!” – истакнаа од “Royal Kids House” – Прилеп.