Секоја чест! И овие празници MINT Fintech Group со Божикна поддршка за две семејства
Празничните денови се време кога човечката блискост и солидарност добиваат посебно значење. Во тој дух, MINT Fintech Group и оваа година реализираше хумани активности, обезбедувајќи поддршка за две семејства во Струмица и Велес.

Поддршката за семејството Весеви од Струмица вклучуваше целосно затворање на нивната финансиска обврска во износ од 131.505 денари, како и бадникова корпа, таблет уред и ваучер за спортска опрема во вредност од 10.000 денари. Оваа помош е насочена кон олеснување на секојдневието и создавање подобри услови за нивното 17-годишно дете со аутизам.
Втората донација реализирана во Велес, за семејството Кузманови. Во рамки на поддршката, компанијата обезбеди целосно затворање на нивната обврска во износ од 104.484 денари, како и мобилен апарат во вредност од околу 12.000 денари, со цел да се олесни нивното секојдневно функционирање.















