Секоја чест! “Дружината на Снешко Белчо” 3-та година ги полни салите и плоштадите низ Македонија

Сподели го ова:





























Задоволната прилепска публика, убавата сценографија на сцената, одличната интеракција на актерите со публиката низ градовите во нашата земја, како и искрените детски насмевки и аплаузи, сето тоа беше знак дека театарската претстава за деца “Дружината на Снешко Белчо”, вчера која приреди вистинска новогодишна бајка, впрочем онака како што и доликува на Весел театар. Имено, вчера со почеток во 11:30 часот во големата сала во Центарот за култура најмладата публика трета година по ред ја погледна волшебната претстава за деца “Дружината на Снешко Белчо”, која со сигурност кај секое детско срце создаде волшебни, новогодишни спомени.

Колку за потсетување оваа хит театарска претстава до сега е одиграна на плоштадите во Битола, Охрид, Прилеп, Скопје, Штип….

Веднаш после завршетокот на претставата, најмладите се сликаа со нивните омилени театарски ликови, а откако низ градот после сето тоа беа пренесени прекрасните позитивни коментари, емоции и кратките видеа кои ги снимаше публиката за време на одлично одиграната детска театарска претстава, до организаторот започнаа да ѕвонат голем број на понуди за да оваа претстава се одигра и во повеќе градови.




Сподели го ова:

Слични објави