Сѐ повеќе расте рејтингот на Граороски во Кривогаштани – порачуваат од ВМРО ДПМНЕ

Сподели го ова:






























Сѐ повеќе расте рејтингот на Сашо Граороски, кандидат за градоначалник на Општина Кривогаштани. Граорооски е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Тој е човекот кој ја знае маката на земјоделците и токму таков човек му треба на Кривогаштани, со проекти и визија– порачуваат од ВМРО ДПМНЕ.

„Осум години гледаме како нашата општина тапка во место, гледаме распаднати улици, неасфалтирани маала и долгови што растат. Ќе бидам градоначалник што ќе биде меѓу народот секој ден, на терен таму каде што има проблем“. Нашите приоритетни проекти се јасни и реални. Доасфалтирање на улиците, секое село, секоја улица да биде пристапна и безбедна со посебен фокус на проширувањето на регионалниот пат Кривогаштани – Обршани – Воѓани – Боротино. Решавање на проблемите со водоснабдувањето и проширување на водоводната мрежа. Воведување на централизирано управување со отпад. Целокупниот отпад од населените места во општината ќе се транспортира во претоварна станица во Прилеп а од таму во регионалната депонија во Новаци. Со тоа ќе се обезбеди трајно решение за чиста и здрава животна средина. Модернизација на основните училишта и спортските сали по европски стандарди. Изградба на нови детски игралишта и паркови за рекреација во сите населени места. Поддршка на локалните спортски клубови. Рестартирање на амбулантата на итната медицинска помош. Санација на полски патишта. Воведување на трисменско работење и модернизација на пожарната во Кривогаштани. Поставување на соларни панели на општинската зграда и двете централни училишта. Ќе создадеме услови луѓето да останат овде, да живеат од својата работа, да растат децата во своето место“ – нагласи Граороски.




Сподели го ова:

Слични објави