Сѐ повеќе расте поддршката за Нико Чонески за градоначалник на Крушево

Сподели го ова:






























Општинската организација на ЗНАM Крушево ја изразува својата целосна поддршка за кандидатот за градоначалник на Крушево, Нико Чонески од ВМРО ДПМНЕ – Крушево, за претстојниот втор изборен круг.

Сметаме дека Чонески е кандидат кој има реален план, енергија и визија за развој на нашата општина, како и подготвеност за соработка со сите политички субјекти во интерес на граѓаните. ЗНAM Крушево верува дека заеднички, преку отворен дијалог и посветеност, можеме да обезбедиме подобра иднина за сите жители на нашата општина. За посилно и поуспешно Крушево – поддршка за Нико Чонески” -порачуваат од ЗНАМ -Крушево.




Сподели го ова:

Слични објави