ШТО ЛИ СЕ СЛУЧУВА? За три месеци 521 развод во земјава


Врз основа на објавените податоци на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7.3 %, во споредба со истиот период од 2021 година и изнесува 2 670 бракови. Во ова тримесечје, евидентирани е 521 развод во нашата земја.

Бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5% и изнесува 4 379 живородени деца.
Што се однесува пак до бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2022 година, ваквиот број бележи намалување од 33.4 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година и изнесува 4 760 умрени лица, а од нив 22 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -381, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.




















