РСБСП со апел: Возете внимателно и одговорно во зимски услови!

Сподели го ова:































Според прогнозите, во наредните денови најавени се снежни врнежи и значителен пад на температурите. РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила и задолжително правилно користење на зимска опрема.

Направете проверка на возилото и почитувајте сообраќајните правила и прописи – информирајте се навреме за состојбата на патиштата, прилагодете ја брзината и одржувајте безбедно растојание меѓу возилата.⚠️

Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај – секој живот е важен – порачуват од РСБСП.




Сподели го ова:

Слични објави