ВИДЕО – АИРЛИЈА НЕКА Е: За еден месец започнува изградбата на кружен тек кај раскрсницата пред НУЦК Марко Цепенков
За еден месец започнува изградбата на кружен тек кај раскрсницата пред НУЦК Марко Цепенков, а ваквата вест ја потврди денеска прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој што истакна:
“Посебна чест ми е да презентирам дел од активностите коишто локалната самоуправа во Прилеп ги превземаме во оваа година. Сите оние предвидени, планирани проекти коишто ги имавме во 2023 година на почетокот планирани, ги реализиравме повеќето од половина. Заедно се разбира со помошта на Советот и нашите советници ја докажавме нашата желба да го имплементираме сето она што нашите граѓани го имаа замислено во планирањето на нашиот буџет. Се разбира, со домаќинско работење на локалната самоуправа, како и преголемата ангажираност и активност на сите чинители во локалната самоуправа успеавме да ги распоредиме оние расположливи средства за да го реализираме сето предвидено.
Посебна гордост и чест ни е огромниот проект за рехабилитација, односно асфалтирање на најголем број на улици во градот, го започнавме во минатиот месец и дел од овој месец веќе се реализирани околу 8 улици коишто се комплетно рехабилитирани. Со тоа ја подобруваме и сообраќајната инфраструктура и некаде околу 18 илјади квадрати веќе се сработени, од вкупните предвидени нешто повеќе од 80 илјади метри квадратни, односно кога би го завршиле овој проект би биле околу 60 улици асфалтирани во нашиот град.
Друг проект којшто исто така е од големо значење за нашата општина е средувањето на речното корито со што ние навистина покажавме дека успешно се справивме и со поплавите во Прилеп каде што исчистивме, отстранивме повеќе од три ипол илјади метри кубни отпад, каде што и го канализиравме речното корито, посебно денешните активности каде што продолжуваат на почетокот на градското речно корито со што не престануваме, туку ќе продолжиме за расчистување на нешто коешто 30-тина и повеќе години се таложело во речното корито.
Се наоѓаме тука во непосредна близина и на раскрсницата пред центарот за култура Марко Цепенков, каде што конечно одниот месец ќе започнеме и со реализирање на проектот кружен тек на сообраќајниците со што навистина би го растеретиле и онака густиот сообраќаен режим во овој дел од градот. Локалната самоуправа одвои околу 5 милиони денари за реализација на овој проект. Нешто со коешто Прилеп посебно се гордее и што преставува прилепско светилиште, а тоа е манасирот Трескавец каде што навистина со реализирање на проектот за водоводната мрежа со што учествуваме, за почеток 3 милиони денари од буџетот на локалната самоуправа, конечно тој манастирски комплекс ќе добие вода. Во ова како што реков учествуваме со 3 милиони денари.
Дел од активностите во нашиот град не се сведени само во реализација на урванистичко решавање, туку ние ги продолжуваме и помагањата во облик на субвенционирање, како на проекти од типот на субвенционирање на велосипеди, субвенционирање во образованието. Огромни средства одвоивме и нема училиште каде што нема покажано реконструкција на дел од објектите, односно од капацитетот на училиштата, а така и на нивната околина, односно хортикултурно средување, опремување со дополнителен инвентар. Со тоа не престануваме и продолжуваме комплет да го рехабилитираме нашиот град којшто навистина заслужува една таква офанзива” – истакна Јовчески.