Ротари клубот од Прилеп донираше современ бензински агрегат за напојување со електрична енергија за потребите на вакциналното одделение при Здравствениот дом во Прилеп

Сподели го ова:































Ротари клубот Прилеп денес (22.12.2025 година) донираше еден современ бензински агрегат за напојување со електрична енергија за потребите на вакциналното одделение при Здравствениот дом во Прилеп.


Ротари во светот е еден од клучните фактори за ерадикација на полио вирусот, односно за искоренување на причинителот на детската парализа.
Нашиот клуб се чувствува повикан да дејствува секогаш, во согласност со своите можности, за да помогне во унапредувањето на квалитетот на здравствената дејност.
Нема поубав начин да се круниса оваа година од овој, преку донација
– истакнаа од клубот.

фото и текст: Ротари клуб – Прилеп




Сподели го ова:

Слични објави