Рикалоски со моќна спортска порака: Време е спортот повторно да стане гордост на нашиот град!

Сподели го ова:





























Златко Рикалоски кандидат за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, и докажан прилепчанец во рамките на спортот како во нашата земја, така и во меѓународни спортски рамки, упати моќна спортска порака до своите сограѓани во која се вели:

Градиме нова ера за спортот во Прилеп! На местото од “Соколана”- нова спортска сала до 2000 седишта- за спорт, култура и настани. Го обновуваме спортскиот објект “Партизан”, кое ќе биде повторно место за младите и спортот. Во секое мало ново игралиште – за секое дете простор за спорт! Создаваме отворени спортски паркови и фитнес зони -достапни за сите. Сите спортски клубови и школи на едно место – фестивал на спортот за цел град, Спортот обединува, создава заедништво и дух на победа. Ова е вистинскиот избор! Гласај за Советничката листа на ВМРО ДПМНЕ! Број – 9 за Прилеп што инвестира гради и победува! Придружете ни се!”- порача Златко Рикалоски, кандидат за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави