РЕЗИЛ: Вработени во ЈП фатени како крадат гориво од службените возила
На 11.09.2023 околу 21.00 часот во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д.С.(52) и С.М.(55), двајцата од Куманово. Тие биле затекнати како од две возила оставени на паркинг, сопственост на јавно претпријатие во кое работеле, со црева одземале гориво од резервоарите.
Кај нив биле пронајдени и одземени седум пластични канти со гориво и две црева. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат поднесени соодветни пријави – ИНФОРМИРААТ ОД МВР.