Денес во Прилеп беше отворена изложбата „ВЕЧИТО“, посветена на архитектот Богдан Богдановиќ

Сподели го ова:






























Денес во Прилеп беше отворена изложбата „ВЕЧИТО“, посветена на архитектот Богдан Богдановиќ, визионер чија уметност остави длабока трага во културната и меморијалната архитектура на поранешна Југославија.

Во година кога одбележуваме 100 години од неговото раѓање, 65 години од иницијативата за подигање на „Могилата на непобедените“ во Прилеп и 80 години од победата над фашизмот, ја славиме симболиката на слободата, човечноста и сеќавањето.

„Могилата на непобедените“ останува жив споменик на историјата и достоинството на нашиот народ, а соработката меѓу Македонија, Србија и Босна и Херцеговина низ овој проект создава културен мост што ги поврзува народите. Им честитам на организаторите и соработниците што со оваа изложба му оддаваат вистинска почит на авторот и неговото вечито дело -порача прилепскиот градоначалник Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави