Жалосно! Тие помогнаа на многу пациенти, а нив не можеше никој да им помогне – жалосна судбина на тројцата прилепски граѓани

Сподели го ова:


























Како што информиравме претходно, денеска (03.10.2024) во 07.51 часот било пријавено дека на патот Прилеп – Битола во близина на клучката кај с.Лагово се случи сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво” со скопски регистарски таблички, управувано од Г.Р.(51) од Битола, и патничко возило „тојота” со прилепски регистарски таблички кои било управувано од страна на прилепчанецот Н.В.(42) од Прилеп, а во возилото биле и сопатниците А.Р и Ф.Ј.,од Прилеп. Претходно наведените три лица за жал загинале.

Станува збор за медицински лица за кои прилепчани и битолчани велат дека помогнале кај 100-тици пациенти, меѓутоа и покрај тоа, немало кој нив да им помогне! Судбина – велат прилепчани и соочувствуваат со семјствата на загинатите.

Бог да ги прости!

Увид на местото на несреќатa, врши јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави