Денес е Митровденска задушница-Православните верниците се молат за покој на душите на своите починати

Сподели го ова:


























Православните христијани во нашата земја денеска ја одбележуваат “Митровденската задушница” како знак на сеќавање на нивните блиски кои починале. Црквата пропишала посебни денови-т.н. “задушници”. Задушница секогаш се паѓа во сабота.

Во врска со Митровденската задушница, треба да се знае дека таа е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде што преминала и во повеќето Православни Цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која погинале и двајцата гореспомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив.

Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (26 октомври/08 ноември). Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се ивршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.




Сподели го ова:

Слични објави