Проданоски: Во населбата Точила започнуваме со конкретни дела, а не со празни ветувања

Сподели го ова:






























Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека во населбата Точила за неколку дена ќе се започне со конкретни дела, а не со празни ветувања.

Заедно со министерот за спорт Борко Ристовски денес најавивме целосна реконструкција на двете спортски игралишта и детските реквизити која што ќе започне во следниве денови! Ќе создадеме подобри услови за младите, за спортот и за секојдневниот живот на граѓаните. Работиме посветено, одговорно и со план, затоа што Прилеп заслужува повеќе. Вистинскиот избор е работа. Вистинскиот избор е број 9 – порача Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави