Советниците ги усвоија Годишната сметка на буџетот на Општина Прилеп за 2021 и на јавните претпријатијa

Сподели го ова:


Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа 9-тата седница, на чиј дневен
ред се најдоа 15 точки. Членовите на Советот  на оваа седница го усвоија кварталниот извештај  за извршување на буџетот за четврт квартал од 2021, Годишната сметка на буџетот за изминатата година, Годишниот извештај и измената на одлуката за извршување на буџетот на Општина Прилеп за 2022 година.

На седницата советниците дадоа согласност на тримесечните финансиски извештаи и годишните сметки за 2021 година на ЈКП „Водовод и канализација“, ЈКП „Комуналец“ и ЈП за ПУП како и измената на годишниот план за вработување за 2022 година во ЈКП “Водовод и канализација“.

Со мнозинство гласови беа усвоени и годишните сметки на  ЈОУДГ “Наша иднина“, ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ и ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески за која беше усвоен и извештајот за работа за 2021 година.

Како точки на дневен ред, советниците со мнозинство гласови ги усвоија и Програмата за спроведување на општи мерки за заштите на населението од заразни болести за оваа година, Одлуката за утврдување на приоритет на под-проектот, Реконструкција на улицата „Леце Котески“ и Одлуката за усвојување на Извештајот за безбедносната состојба на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност – Прилеп за второто полугодие од 2021 година.





Сподели го ова:

Слични објави