Проданоски: Срцето на Прилеп е во старата чаршија!
Дејан Проданоски, пратеник и кандидат за градоначалник на Општина Прилеп, оствари средба со бизнисмените, занаетчиите и трговците од прилепската чаршија.
“Прекрасна средба и разговор со луѓето кои секојдневно го одржуваат духот на нашата стара прилепска чаршија, дуќанџиите, угостителите, златарите и сите трговци кои со својата работа и посветеност го чуваат идентитетот и традицијата на нашиот Прилеп.

Тие се вистинското срце на градот, луѓето кои со труд, чесност и упорност ја одржуваат живата слика на чаршијата, местото кое ги спојува сите генерации и секој посетител го потсетува што значи градот под Марковите кули.
Нашата визија е чаршијата повторно да стане гордост на градот, со поддршка за малите бизниси, подобрена инфраструктура, чиста и безбедна околина, и враќање на животот и движењето во центарот на градот.
Ќе продолжиме да бидеме со народот, меѓу народот, со искрени разговори и конкретни решенија за Прилеп – порача кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски.


















