ЈКП “Водовод и канализација”-Прилеп со честитка до прилепчани по повод Велигденските празници

По повод Велигденските празници, ЈКП “Водовод и канализација”-Прилеп на сите прилепчани од православна – христијанска вероисповед, на своите вработени, како и на сите нивни соработници, искрено од срце – им го честита Велигден и Велигденските празници. “Со љубов и мир во срцето и душата, како и со верба во Бога, да се радуваме, да се сакаме и меѓусебно да се почитуваме. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!”-се вели во Велигденската честитка од ЈКП “Водовод и канализација”-Прилеп, од каде што истакнуваат дека и понатаму ќе продолжат да работат во интерес на сите прилепчани-како и до сега.