Проданоски се сретна со претставници од Регионалната стопанска комора – презентираше дел од предизборна програма што ги опфаќа економските теми и сѐ она што ги засега прилепските стопанственици
Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска оствари средба со претставници од Регионалната стопанска комора со седиште во Прилеп, каде презентираше дел од неговата предизборна програма, со посебен акцент на економските теми и сѐ она што ги засега прилепските стопанственици!

Денес имав прилика да се обратам пред присутните претставници од Регионалната стопанска комора со седиште во Прилеп и да презентирам дел од нашата предизборна програма што ги опфаќа економските теми и сѐ она што ги засега нашите стопанственици! Со претставниците на комората разговаравме за актуелните состојби во стопанството, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат бизнисите, но и за можностите за подобрување на економската клима во градот и регионот. Сакам да изразам благодарност за поканата и можноста да се обратам пред членовите на Регионалната комора во Прилеп. Нашата цел е заеднички да градиме економски посилен Прилеп, со повеќе инвестиции, нови работни места и подобри услови за стопанствениците – порача Проданоски.

















