Во Прилеп се одбележа светскиот ден на предвремено родените бебиња

Сподели го ова:


























Светскиот ден на предвремено родените бебиња е 17-ти ноември. Сите новороденчиња кои се родени пред полна 37-ма гестациска недела, спаѓаат во оваа група.

Ова е сериозен број на исклучително мали по старост пациенти, но и екстремно незрели пациенти, бебиња од 23 гестациска недела па нагоре. Според статистиката, околу 13 милиони бебиња во светот се раѓаат предвреме. За да се намали таа бројка, клучен е пристапот на квалитетна нега во сите здравствени установи. Оваа година тоа е и една од главните теми на светско ниво.

За нас како здравствена установа, најважно ни е да работиме на намалувањето на овие бројки преку превенција од предвемено породување (намалување на ризик факторите кои доведуваат до него, редовно и навремено следење на бремените жени и нивна едукација). Прематуритетот е водечка причина за смртност на децата во рана возраст а дел од преживеаните деца се борат со последиците до крајот на својот живот. Нашата установа прифаќа новороденчиња со полна 34-та гестациска недела и со гордост можеме да кажеме дека досега успешно се справуваме со предизвиците за спасување и на помали новороденчиња. Наша цел и мотив е да создадеме што подобри услови и квалитетна нега на сите новороденчиња следејќи ги светските трендови и најновиот мастер план на Министерството за здравство за регионализација на перинаталната здравствена заштита – информираа од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави