ПРОДАНОСКИ: Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинството на земјоделецот
Средба со тутунопроизводителите од нашиот крај, во Беровци, каде во присуство на Претседателот на комисијата за земјоделство при ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, се разговараше за откупот на тутунот од оваа реколта, кој заради негрижата на актуелната власт кон земјоделците, тутунопроизводството е доведено пред колапс. Ако производната цена се движи од 270-280 денари воопшто е нерентабилно да се произведува оваа култура со откупна цена од 300 денари за килограм. Ако во минатото, во Македонија се произведувале од 25 до 30 милиони килограми тутун, оваа реколта едвај ќе биде 12 до 13 милиони килограми што е сериозен пад на производството.
Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинството на земјоделецот и ќе ги направи измени на законот за тутун со кој ќе се забрани увоз на тутун пред да биде откупен последниот килограм тутун од македонските производители – истакна Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп, Дејан Проданоски на социјалните мрежи.