Проданоски на средби со граѓаните во нас. Тризла, како и селата Големо и Мало Коњари
Дејан Проданоски, пратеник и кандидат за градоначалник на Општина Прилеп синоќа беше во посета на населените места: Тризла, Големо и Мало Коњари, каде оствари директни средби со граѓаните од овие населени места.
На средбите, Проданоски наиде на поддршка од страна на голем број на граѓани, симпатизери и членови на ВМРО -ДПМНЕ, кои внимателно го следеа говорот на Проданоски во однос на неговиот план и програма за подобар Прилеп.


















