Националниот парк Пелистер доби нови инфо табли со нов и модерен дизајн
Пелистер добива нови инфо табли со нов и модерен дизајн кој има за цел да ја промовира важноста и културно-историското значење на петтоигличестиот бор МОЛИКА или познат како МАКЕДОНСКИ БОР. За почеток нови инфо табли се поставени во најпосетената зона на паркот, а подоцна со истиот дизајн ќе следи и поставување на нови табли на планинарските и на велосипедските патеки.
Македонскиот бор кој е пронајден на Баба планина во 1839 година скоро два века наназад ја раскажува приказната за НП Пелистер како жив музеј на богатиот биодиверзитет, богатата историја и нераскинливата врска помеѓу локалното население и природата.


















