Проданоски, на работна сесија на Регионалниот хаб на Западен Балкан на тема: ,,Пристапи на единиците на локална самоуправа за зајакнување на улогата на младите во справувањето со екстремизмот, омразата и поларизацијата”
На работната сесија на Регионалниот хаб на Западен Балкан на тема: ,,Пристапи на единиците на локална самоуправа за зајакнување на улогата на младите во справувањето со екстремизмот, омразата и поларизацијата”, свое учество зеде Претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски кој што зборуваше во делот на ,,Јавни политики на дело: Дизајнирање на локални јавни политики и програмски решенија врз основа на потребите и приоритетите на заедницата.”
“На сесијата зборував за добрите практики поврзани со осмислување и спроведување на локални акциони планови, искуството на Општина Прилеп во процесот на изготвување на локалниот акционен план базиран на податоци во согласност со Националната стратегија за спречување на насилниот екстремизам, а кои во исто време ги одразуваат поплаките на заедницата и ги користат локалните капацитети и ресурси. Концепциското осмислување на релевантни стратешки активности и иницијативи, утврдување на улоги и одговорности, поставување на рокови и алоцирање во буџетот.
Ја презентирав состојбата поврзана со општата безбедност на жителите на Општина Прилеп, идентификуваните типови на насилен екстремизам и согласно Локалниот акционен план на АТЗ (Акцискиот тим во заедницата) начинот за нивна превенција– истакна претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски.

















