Проданоски: Еднократна помош од 6.000 денари за секое новороденче ќе добијат 374 семејства
Денес прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски ги потпиша новите 130 решенија за доделување на еднократна парична помош за новороденчиња, со што се продолжува силната заложба за поддршка на младите семејства и грижата за најмладите прилепчани.

Еднократната помош во износ од 6.000 денари се доделува за секое новородено дете во општината. Само оваа година, вкупно 374 семејства ќе ја добијат оваа финансиска поддршка. Минатата година над 390 семејства поднесоа барање за еднократна финансиска помош за деца родени во 2024 година, за што Општина Прилеп издвои 2.385.000 денари од својот буџет. Оваа мерка се спроведува континуирано од 2022 година, а како Локална самоуправа и понатаму ќе останеме посветени на поддршката на младите родители со цел да се олеснат трошоците кои ги носи доаѓањето на нов член во семејството и да се поттикне подобрување на демографската слика во нашата општина. Грижата за најмладите останува еден од нашите врвни приоритети – порача Проданоски.
















