ПРЕМИЕРНО ВИДЕО: Погледнете го настапот на дечињата од прилепските градинки на Детскот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”

И дечињата од прилепските градинки настапија со нова, компонирана песна од Гоце Балада на шестото издание на најпопуларниот детски музички фестивал “Весели ѕвончиња by JANA” -Прилеп 2024 година. На годинешното шесто фестивалско издание, со поединечни – новокомпонирани песни настапија голем број на учесници кои беа на возраст од 4 до 15 години, а како што информиравме претходно, дечињата од прилепските градинки настапија со една заедничка песна која носи наслов “Градинке, градинке”, песна која од сега ќе биде и официјална химна на Градинката “Наша Иднина”-Прилеп.
Прекрасна глетка имаше на НАЈПОПУЛАРНИОТ ПРИЛЕПСКИ ФЕСТИВАЛ КОЈ ШТО МОЖЕ ДА СОБЕРЕ ПРИБЛИЖНО 2500 ПОСЕТИТЕЛИ ВО НУЦК “МАРКО ЦЕПЕНКОВ” ВО ПРИЛЕП.
Искрено, во Прилеп постојат и други фестивали и мали хорчиња, меѓутоа ваков рекорд до сега има направено само Гоце Балада и прилепскиот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно единствениот фестивал во нашата земја кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН, ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД!!!
Како што информиравме, автор на музиката и текстот на оваа песна е Гоце Балада, човекот кој што две години по ред е прогласен од страна на АКАДЕМИК за најкреативна личност во нашата земја во областа на музиката, културата и маркетингот. Што се однесува пак до аранжманот за оваа детска песна, истиот е дело на Рубин Димкоски од групата Меморија. Уметничкиот директор на фестивал Гоце Балада, упатува голема благодарност до директорката на прилепските градинки Христина Трпческа, која секогаш е отворена за соработка, посебно кога се работи за квалитетни детски проекти.
Бидете детски музички ѕвезди,
бидете АС,
бидете главни во Вашето Школо
и во Вашиот Клас,
и пријавете се за учество
за следното фестивалско издание
на Весели Ѕвончиња by JANA,
и стекнете се со Диплома
за МОДЕРЕН, ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!!
