Синдикатот на полицијата бара зголемување на платите, односно по 1 евро за 1 бод

Сподели го ова:
























Пред неколку денови, односно на 22.08.2023 година во Скопје на покана на Синдикатот на полиција во Македонија, се одржа работна средба помеѓу дел од раководството на СПМ и дел од раководството на Независен Синдикат на Полицијата – НСП. На средбата пред се се потенцираше взаемното почитување помеѓу двата синдиката и борбата за иста цел односно подобрување на условите за работа и подобрување на социо-економскиот статус на вработените во МВР. Беа разменети различни идеи и предлог решенија за проблемите со кои се соочуваат членовите на двата синдиката.

Донесен е заклучок да се почека до официјалното писмено известување што Македонскиот полициски Синдикат до крајот на месец Август треба да се произнесат до СПМ за барањето на едно евро еден бод (барањето кое беше предмет на договор на претходната средба помеѓу МПС и СПМ), за потоа со прва официјална средба да се постават темели и заеднички да се бара остварување на ова или подобро барање за повисоки плати во Полицијата.

На средбата стана збор и за заеднички пристап за формирање, подготовка и изработка на работна група со единствена синдикална цел а тоа е оформување на преговарачка рамка за целосна измена и донесување на нов Колективен договор на МВР со кои ќе се поништи и надмине нефункционалноста и штетата кои ја трпат вработените со постоечкиот колективен договор – истакнуваат од СПМ во нивното соопштение.




Сподели го ова:

Слични објави