Министерот Трипуновски оствари средба со жените од прилепските рурални средини, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март

Сподели го ова:






























Денес во Прилеп по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, министерот за земјоделство и шумарство, Цветан Трипуновски, ги посети жените од руралните средини.

Драги дами, Вие сте столбот во нашето општество, вашата макотрпна пожртвуваност и работа се клучни да произведуваме домашна, здрава и квалитетна храна. Вашата работа нема определено работно време, вашата работа е од утро до мрак, посветувајќи се на производството на храна. Вие сте иновативни во земјоделството, имате чувство како да се развие локалната економија и секојдневно допринесувате во македонското општество. Нека ви е честит 8 Март, нека ви е исполнет овој и секој ден со радост, успеси и сила – порача министерот Трипуновски.




Сподели го ова:

Слични објави