Прилепскиот градоначалник денеска ги посети учениците од Мало Коњари, Канатларци и Тополчани

Сподели го ова:






























Денеска, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески ги посети учениците од Мало Коњари, Канатларци и Тополчани. Станува збор за учениците кои учат во: ООУ „Страшо Пинџур“, „Круме Волнароски“ и „Кирил и Методиј“.

На најмалите, нашите драги првоодделенци – им посакавме топол и успешен почеток во нивниот нов свет исполнет со знаење, игри, другарство и многу насмевки. Им порачавме дека никогаш нема да бидат сами, бидејќи учителите и наставниците ќе се грижат за нив со љубов и посветеност. Локалната самоуправа ќе продолжи да работи и да ги поддржува училиштата, заедно со директорите и наставниците, со цел да создадеме уште подобри услови за учење и растење на нашите деца. На сите ученици, наставници и родители, нека ни е среќна и успешна новата учебна година, исполнета со многу радост, нови пријателства и успеси! – порача Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави