Антонио Пандовски при неговото трчање до Острог, ќе биде поддржан од фондацијата “ИЦЕ БЕГОВ”

Фондација ИЦЕ БЕГОВ со гордост ќе го поддржи Антонио Пандовски во остварување на неговиот сон- хуманитарно трчање од Скопје до Острошки Манастир во чест на неговите родители.

Средствата собрани од овој подвиг ќе бидат донирани за децата болни од канцер. Фондација Ице Бегов ќе го реализира целиот настан со финансиска и логистичка поддршка. Подвигот ќе се одржи во месец јули, а сите детали и текот на организацијата ќе бидат навремено споделени со јавноста.















