ПРИЛЕПЧАНИ НА ЕДНО МЕСТО: И старо и младо, во манастирот св.Илија-Писокал на Илинден се собрало

Денеска, по повод големиот државен и христијански празник св.Илија Писокал во с. Кален се празнува на големо. И старо и младо, во манастирот св.Илија-Писокал на Илинден се собрало, се прославува со македонски патриотски песни, токму онака како што заслужува овој празничен ден и нашиот македонски народ.
“Македонците на едно место-во нашата Македонија”– се слушаше на сите страни во дворот од Манастирот св.Илија Писокал во с. Кален, а за добрата патриотска-македонска музика се погрижи Спасен Силјаноски. Сликите кои што беа испратени до нашиот информативен тим од прославата во овој манастир, говорат дека Македонија сеуште е останата во рацете на македонците!