Прилепчани денеска беа без струја – МЕПСО работеше на планирани активности на електропреносната мрежа

Сподели го ова:





























Прилеп и населените места денеска беа без напојување на електрична енергија во периодот од 06:30. Од МЕПСО побараа разбирање за планираните активности кои ги извршија на првиот ден од зимата- убаво испланирал

“Исклучувањето се врши поради планирани активности на електропреносната мрежа, кои опфаќаат демонтажа на старо проводно јаже од 110 kV далекувод ТС Битола 1- ТС Прилеп 1 и монтажа на нов проводник. Активностите ќе ги реализираат стручните екипи на АД МЕПСО. Согласно планираната динамика, работите ќе траат најмногу четири ипол часа, по што напојувањето со електрична енергија во Прилеп ќе биде повторно воспоставено. Апелираме на разбирање од страна на сите корисници, имајќи предвид дека станува збор за планирани зафати од значење за сигурно и стабилно функционирање на електропреносниот систем” – истакна од МЕПСО.




Сподели го ова:

Слични објави