Прилепчанец падна во градската река – очевидците шокирани од ужасната глетка!


Градот под Марковите Кули го потресе уште една непријатна случка. Имено, веднаш после полноќ, прилепчанец обидувајќи се да го помине “малото нестабилно мовче” кое се наоѓа на околу 12 метри од т.н. “жолт мост” кај прилепските касарни, паднал во коритото на градската река односно во т.н. Дабничкиот канал. При падот, се здобил со тешки повреди кои како што истакнуваат очевидците за “STANICA.MK” кои го пронашле прилепчанецот, самиот тој бил речиси во безсознание.

Благодарение на брзата интервенција на Брзата помош и прилепските пожарникари кај кои алармирале неколку очевидци, прилепчанецот бил извчечен од градската река.
“Беше мокар и воден, а најверојатно беше и тешко повреден…На почетокот кога го извлекуваа прилепските пожарникари мислевме дека е мртов, меѓутоа добро е што човекот беше жив” -истакнува еден од очевидците кои го забележале прилепчанецот како речиси беспомошно, лежи во коритото на градската река.



















