Прилеп вечен! Денеска се одбележува 81 година од ослободувањето на Прилеп
Денеска, на 3-ти Ноември, прилепчани прославуваат 81 година од ослободувањето на Прилеп. Славиме слобода, славиме правда и демократија. Празнувајќи го овој ден, најмалку што можеме е да им се заблагодариме на нашите херои за прогресот и напредокот во современото живеење.
Без нив, ова ќе беше невозможно. И покрај се, сплотено да го градиме и развиваме нашиот град за подобро утре на сите нас! Да собереме сила, да ја искористиме можноста и да создадеме подобра иднина, за поквалитетен живот, на сите!

















